дома Балкан (Видео) Пред малку – Силна детонација одekна во Митровица: Шест Срби се...

(Видео) Пред малку – Силна детонација одekна во Митровица: Шест Срби се во сериозна здравствена состојба со повpeди нанесени од косовската полициja

Косовската полиција издаде соопштение во кое се наведува дека „започнаа полициски операции во раните утрински часови со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарење стока“.

Според соопштението, „акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица“.

По акцијата на полицијата револтираните Срби излегоа на улица, а косовската полиција отвори оган кон демонстрантите.

Пред малку одекна детонација во северна Митровица, од правецот на бошњачката населба.

️ Собраните граѓани се огорчени, а помал број луѓе се уште се на крстосницата на улиците Лола Рибар и Књаз Милош. Камионите што беа распоредени на ова место беа преместени подоле по улицата што води кон бошњачката населба.

Повреденото момче со прострелна рана е Сречко Софронијевиќ, роден 1985 година. Куршумот поминал на 2 сантиметри од неговата главна артерија. Момчето има скршени ребра и уште 2 прострелни рани.

Моментално се наоѓа во шок -собата.

Десетици Срби се повредени, а најмалку шест од нив имаат сериозни телесни повреди.