дома Актуелно (Видео) Таравари: Ние со 3 општини направивме, повеќе отколку ДУИ во своите...

(Видео) Таравари: Ние со 3 општини направивме, повеќе отколку ДУИ во своите 10 општини

Во денешното јубилејно издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс гостуваше генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари. Со домаќинот Александар Митовски зборуваа состојбата во здравството во Македонија.

Таравари потсети дека како релативно млада партија. Алијансата на Албанците успеа да победи во три општини во полошкиот регион, Гостивар, Врапчиште и Боговиње во кои успеаја да направат повеќе отколку што ДУИ направи до десетте општини во кои победија.

„После три години владеење во тие општини можам да речам дека по резултатите кои што се постигнати ја често велам нашите три општини би ги споредиле со конкретни резултати во километри асвалтирање, километри канализација, водоводни мрежи. Нашите три општини имаат направено градинки, училишта реновирани, ви гарантиран два или три пати повеќе тколку вкупно десетте општини на ДУИ“, рече Таравари.
Таравари додаде дека токму тие резултати биле повод на следните избори, место во три, Алијансата на Албанците да победи во 12 општини.