дома Актуелно (Видео) Таравари: Само неодговорни и несериозни луѓе се однесуваат комотно во сериозна...

(Видео) Таравари: Само неодговорни и несериозни луѓе се однесуваат комотно во сериозна ситуација

Во денешното јубилејно издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс гостуваше генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари. Со домаќинот Александар Митовски зборуваа за состојбата во здравството и несериозниот пристап на власта кон набавката на вакцини, која беше одложена поради неажурност на надлежните кои заборавиле да пополнат некои формулари.

Таравари посочи дека власта е комотна и несериозна, потсетувајќи дека секој несериозен човек во критични ситуации се однесува комотно.

„Овие информации што ги добиваме од српската влада, од европските институции, од Светската здравствена организација, дури се смешни за една одговорна власт, меѓутоа тоа е тоа.“, рече Таравари.

Таравари додде ддека како граѓанин на оваа држава, се надева дека што поскоро ќе набавиме вакцини, и ќе се започне со вакцинација, барем на ризичните групи.

„Јас се надевам како граѓанин на оваа држава што поскоро да има вакцини и што поскоро да се започне со вакцинирање барем на ризичните групи, зборувам за повозрасните луѓе кои што се уште не ја прележале болеста, но и за моите колеги кои секојдневно упорно и одговорно работт со овие пациенти, но и за сите граѓаи на Република Македонија коишто работат со клиенти, по банки и други институции кои имаат контакт со луѓе“, додаде тоа.