дома Свет (Видео) Чекај сега, овие беа лoшитe? – Талибанците пpeчекани како ocлободувачи во...

(Видео) Чекај сега, овие беа лoшитe? – Талибанците пpeчекани како ocлободувачи во Авганистан

Талибанците се пречекани како ослободители од локалното население по заземањето области околу провинцијата Кундуз. 20 -годишниот експеримент на САД во Авганистан заврши со огромен неуспех, а се потешко за системот е да ги оправда овие војни што никој не ги поддржува.

Жестоки судири започнаа денеска рано наутро меѓу авганистанската армија и талибанците во центарот на Кундуз, главниот град на провинцијата, соопштија локалните водачи и жители.

„Насилни судири, улица по улица, се случуваат во различни делови на градот. Безбедносните сили се повлекоа кон аеродромот”, изјавил за АФП членот на провинцискиот совет, Амрудин Вали.

„Талибанците дојдоа на централниот плоштад во Кундуз, тие беа бомбардирани од воздух“, рече Абдул Азиз, жител од центарот на Кундуз.

„Во градот владее тотален хаос“, додаде тој.

Талибанците во петокот и саботата ги зазедоа главните градови на две оддалечени провинции, Заранџ на југозападот од земјата и Шеберган на северот.

Доколку успеат да го освојат и Кундуз, тоа ќе биде победа без преседан и чекор кон враќање на власт. Кундуз важи за голем трговски центар.

Судирите меѓу авганистанските владини сили и талибанците се интензивираат низ целата земја паралелно со повлекувањето на меѓународните сили предводени од САД, по 20 години војување.

Талибанците окупираа огромни рурални области во последните три месеци, а цивилите избегаа од некои региони, создавајќи нова бегалска криза.

Сега бунтовниците против меѓународно признатата влада се насочени кон офанзива врз поголемите градови и досега опколија неколку провинциски главни градови, вклучувајќи ги Кандахар и Херат, вториот и третиот по големина град во земјата.

Видеото можете да го погледнете тука.