дома Хроника Пpивeдeнo лицe oд Дебар пopaди coмнeниe дeкa пpeдизвикaл пoжap

Пpивeдeнo лицe oд Дебар пopaди coмнeниe дeкa пpeдизвикaл пoжap

На 08.08.2021 околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар” од Кривичниот законик.