дома Свет (Видео) „Шapeниот“ пpeмиер е гoтoв: Голем протecт во Ереван за ocтавка од...

(Видео) „Шapeниот“ пpeмиер е гoтoв: Голем протecт во Ереван за ocтавка од премиерот Пашинјан

Десетици илјади лица излегоа на протести во ерменскиот главен град Ереван со барање за оставка на премиерот Никол Пашинјан поради контроверзниот мировен договор со Азербејџан.

Опозицијата, исто така, организираше национален штрајк. Околу 25.000 демонстранти го преплавија центарот на Ереван скандирајќи „Никол – предавник” и „Ерменија без Никол”.

Демонстрантите ја опколија зградата на Владата и ја повикаа полицијата да му се придружи на народот.

Пашинјан ги налути Ерменците по склучувањето на мировниот договор со Азербејџан со посредство на Москва. Шестнеделната војна во Нагорно Карабах однесе животи на повеќе од 6.000 луѓе.