дома Македонија (Фото) Таткото на 3aев внимателно го следел интервјуто на Мицкоски

(Фото) Таткото на 3aев внимателно го следел интервјуто на Мицкоски

Таткото на премиерот Заев внимателно ги следи настапите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за време на интервјуата кои тој ги дава за медиумите.

Последно интервју на Христијан Мицкоски кое Панче Заев веројатно го следи со големо внимание е вечерашното на МТВ со новинарот Стојан Трпчески.

На преносот во живо на Фејсбук јасно се гледа дека еден од гледачите на разговорот е таткото на премиерот.

Панче Заев кој предходно влегуваше во вербален конфликт на социјалните мрежи со луѓе кои го критикуваат неговиот син (Го наведуваше новинарот Бранко Героски) сега не коментира на видеото туку само гледа и слуша што кажува Мицкоски.