дома Политика (Видео) Јакимовски: Карпошани зacлyжyвaaт евpoпcкa кaмпaњa

(Видео) Јакимовски: Карпошани зacлyжyвaaт евpoпcкa кaмпaњa

Во вечерашната емисија „Жешко политичко лето“, гостуваше претседателот на ГРОМ Стечко Јакимовски кој истакна дека Карпошани заслужуваат европска кампања.

„Карпошани заслужуваат европска кампања каква што беше мината година. Очекувам и оваа за локалните избори да биде европска кампања, да излеземе со квалитетна понуда за граѓаните на општина Карпош, и да одлучат врз основа на тоа кој што нуди и кој има реална можност она што го нуди да се оствари. Ако минатите избори, практично граѓаните подлегнаа на пропагандата и практично сите овие четири години бевме заробеници на пропагандата… како граѓаните, така и медиумите, така дури и институциите и правосудните органи бевме заробеници на пропаганда“. – напомена Јакимовски.

„Мислам дека сега во една мирна атмосфера треба да размислиме што е најдобро за граѓаните на секоја општина, не само Карпош. Затоа сметам дека она што граѓаните имаат да одлучат на овие избори и што ќе одлучат, тоа ќе им биде за наредни четири години. – дополни Јакимовски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.