дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во кумановската болница xоспитализирани 80 пациенти, од кои 66 се на кислородна...

Во кумановската болница xоспитализирани 80 пациенти, од кои 66 се на кислородна поддршка

Во кумановската општа болница од Ковид 19, хоспитализирани се 80 пациенти од кои 66 се на кислородна поддршка, а во амбулантата се лекуваат 50-тина пациенти, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
– Бројките се менуваат од час во час, имаме испишувања, нови пациенти. Во модуларната болница има 56 пациенти-изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
Во Куманово, ковид-пациентите се лекуваат на инфективното одделение и во модуларната болница. Здравствената установа доби донација, рендген апарат кој ќе биде сместен во просториите на стариот рендген во непосредна близина на инфективниот оддел и до модуларната болница.
– Благодарност до Министерството за здравство и Светска Банка за апаратот, кој засега ќе го користат пациентите заболени од ковид, а по завршување на пандемијата ќе се користи и во останатите одделенија. Ние имаме еден рендген апарат кој е сместен во ургентниот центар и се користи за итни случаи, за пациенти од сите останатите одделенија. Овој апарат ќе ни ја олесни работа, изјави Захариева