дома Балкан (Видео) Ceдyмкpaтeн peли шaмпиoн нaпpaви cooбpaќajнa нeзгoда пa ce oбиде дa пpeгaзи...

(Видео) Ceдyмкpaтeн peли шaмпиoн нaпpaви cooбpaќajнa нeзгoда пa ce oбиде дa пpeгaзи пoлицaeц

Седумкратниот светски шампион во рели, Французинот Себастијан Ожије, предизвика сообраќајна несреќа во Хрватка.

Сепак, возачот на Тојота не ја доживеа несреќата на трка, туку на улиците во Загреб, кога ја започна претпоследната фаза од хрватското рели. Според тамошните медиуми, Ожије се престроил во десната лента, крајно невнимателно и без да трепне, каде во тој момент налетал автомобил. Како резултат на судирот, другиот автомобил заврши на тротоарот.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Добрата работа е што никој не е повреден при судирот и е утврдена само материјална штета, но на Интернет се појави видео, во моментот кога полицијата го запре Французинот, како и видео од самата несреќа.

На него се гледаат тројца полицајци и сопственикот на другото возило како стојат пред Тојотата (Јарис) на Ожије, вредна 700.000 евра, што беше оштетена од страната на сувозачот.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

По кратка расправа, Ожије одлучи да си замине своеволно, и покрај тоа што истрагата не беше завршена, а полицаецот стоеше пред неговиот автомобил.

Полицаецот се обиде да го запре нервозниот Французин, но кога виде дека нема намера да застане, туку додаде гас, се тргна на страна и го остави да помине.

Себастијан учествуваше во сообраќајна несреќа на патот на последното рели. Никој не беше повреден, а Јарисот е оспособен за трката, објавија од Тојота на Твитер.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Извор: vecer.press