дома Хроника Пpивeдени две лица од вчepaшниот пpoтecт

Пpивeдени две лица од вчepaшниот пpoтecт

Полицијата приведе две лица кои наводно нападнале полициски службеници на вчерашниот протест.

„На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон“, велат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, за случајот известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица.

По добиена судска наредба извршен бил и претрес во дом на М.Л., и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.