дома Актуелно (Видео)Ckaндaлoзно пpи3нaниe на Каракачанов – постои Анекс на договорот, во кој се...

(Видео)Ckaндaлoзно пpи3нaниe на Каракачанов – постои Анекс на договорот, во кој се бара менување на историја и образование и oтkaжyвaњe од Македонското мaлцинcтвo

Во изјава за бугарската „Нова Њуз“, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красмир Каракачанов, потврди дека бугарската власт веќе е понуден Анекс на Договорот за добрососедство со Македонија во 12 точки, договор кој во Македонија се чува во тајност, а за кој зборуваше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според Каракачанов, во овој анекс договор стојат барања како откажување на историските претензии на Македонија кон Бугарија, откажување од Македонското малцинство во Бугарија и промена на образовниот систем. Сите чекори кои веќе се превземаат во Македонија, иако официјално овој анекс договор не е прифатен.

„Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“ – напиша Мицкоски на ФБ.