дома Социјални Мрежи “Ceкoj тpeбa дa cи oдгoвapa зa cтopeнoто, нo нe мoжe зa eднa...

“Ceкoj тpeбa дa cи oдгoвapa зa cтopeнoто, нo нe мoжe зa eднa клoцa дa лeжи 10 гoдини”

За секое дело треба да има казна. И тоа соодветна на делото, ова преку статус на Фејсбук го пишува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој коментира за паралелата која ја прават на 6 јануари и 27 април.

„Деновиве гледам пак е актуелен 27 април. Па се прават паралели, објаснувања, извираат емоции, демек да се присетиме дека некој некого треба да сожалува. Значи да повторам, секој треба да си одговара за стореното, ама не може за една клоца некој да лежи 10 години. Па соработниците на Осама Бин Ладен не беа казнувани во Гвантанамо со толку долги затворски казни. На сите им е јасно дека станува збор за политичка нарачка која има повеќекратна цел. Но за тоа, другпат.

Туку, ако за една удрена клоца казната е 10 години, тогаш колкава требала да е казната за организаторите и извршителите на анти-НАТО протестите и палењето на амбасадата на САД во 1999? Ги најдоа ли?

*Инаку напад на амбасада на некоја држава е напад на суверената територија на таа држава“, стои во неговиот пост на Фејсбук.