дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Блaгoдapност до Богданка и Шилегов штo caми cи нaпpaвиja peцeнзиja нa...

ВМРО-ДПМНЕ: Блaгoдapност до Богданка и Шилегов штo caми cи нaпpaвиja peцeнзиja нa вeтeнoто, a нepeaлизиpaнo

Благодарност до Богданка и Шилегов што сами си направија рецензија на ветеното, а нереализирано.

Петре Шилегов е убедливо најнеуспешниот градоначалник на Скопје. Програмата на Петре има 0% реализација, но затоа криминалот, тендерите и енормното богатење се реализирани 100%. Видно исплашени од поразот кој ги чека, СДСМ наместо да водат сопствена кампања деноноќно следат како системски и успешно работи Данела Арсовска.

СДСМ се толку неспособни што за нив реализирани проекти се оние проекти за кои се работи студија. Скопје изгуби четири години со Шилегов.

Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции дека кај и да е ќе почнат со реализација на некој проект. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, знаат само да рушат.

Единствена причина за ваквиот исход е тоа што градската каса, поради недомаќинското работење на Шилегов, е целосна празна и тој не е способен да издвои средства за најобична санација.

Ова не е ништо друго освен очајнички обид на СДСМ да ја спаси политичката кариера на најнеспособниот градоначалник на Скопје во историјата на Македонија.