дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: Нема да дозволиме федерализирање под ниту едни...

ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: Нема да дозволиме федерализирање под ниту едни услови или околности!

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој вечерва се обрати пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

 

Во прогласот кој го донесе Извршниот комитет на партијата стои и дека, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ.