дома Актуелно ПОВЕЌЕ НЕМА ПОСЛУШНОСТ КОН АМБАСАДОРИ: Државата мора суверено да ги носи одлуките,...

ПОВЕЌЕ НЕМА ПОСЛУШНОСТ КОН АМБАСАДОРИ: Државата мора суверено да ги носи одлуките, мора да престане мешањето на амбасадорите во внатрешната политика!

Државата мора суверено да ги носи  одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните граѓани, кои протестираат пред ДИК.

 

-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа, рече Груевски.