дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за амнестија сериозно се загрозува безбедноста на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за амнестија сериозно се загрозува безбедноста на граѓаните

„СДС со законот за амнестија сака да го легализира криминалот во Македонија.

Со овој закон СДС сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДС и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси.

Заев е во паника поради претстојните локални избори. Заев со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето, се со цел корумпирање на гласови во пресрет на изборите.

Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС.

Овој закон ќе ја продлабочи кризата и хаосот што го создадоа СДС и Заев во Македонија, а пак животот на граѓаните сериозно ќе го доведе во опасност.

Граѓаните ќе и застанат на пат на оваа криминална влада на Заев. Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.