дома Политика Шабан Салиу разрешен од лидерската позиција во Демократските сили на ромите

Шабан Салиу разрешен од лидерската позиција во Демократските сили на ромите

Партијата Демократски сили на ромите синоќа на вондреден конгрес го разреши досегашниот претседател Шабан Салиу, а за нов лидер е избран Сејфо Кадри.

Кадри на 29. август го обвини Салиу, кој е поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, дека ја злоупотребил положбата за лично богатење.

Тогаш тие го обвинија дека Шабан Салиу диктаторски се однесува во партијата и најавија дека на конгрес, кој нема да биде приватно организиран од Салиу, ќе биде одлучено за иднината на партијата.