дома Балкан ВО ГРЦИЈА НЕМА ДА СЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Поради избрите во Грција, рампите...

ВО ГРЦИЈА НЕМА ДА СЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Поради избрите во Грција, рампите на патарините ќе бидат отворени

Во соседна Грција утре ќе се одржат парламентарни избори, па поради тоа во целата земја рампите на патарините ќе бидат кренати, нема да се наплаќа надомест за користење на патиштата.

Оваа вест, која секако ги интересира и македонските граѓани кои се во Грција, или, пак планираат утре да патуваат кон Егејското море, ја потврдија од грчкото Министерство за инфраструкура.

Ресорниот министер, Христос Спиридис рече дека оваа мерка ќе биде со важност од ноќеска на полноќ па се до 8 часот наутро, во понеделник.