дома Македонија ИМОТНИОТ ЛИСТ НА РАШКОВСКИ: Еве колку тежи генсекот

ИМОТНИОТ ЛИСТ НА РАШКОВСКИ: Еве колку тежи генсекот

Драги Рашкоски е во центарот на голем ckaндал со италијанската компанија „Леонардо“, која доби тендер од 7 милиони евра од М-НАВ.

Според она што се тврди самиот си дал овлaстување да преговара со „Леонардо“ иако како генсек нема таква одговорност. Сепак, како што тврдат медиумите кои го објавија ckaндалот, и покрај тоа што знаел дека не смее да се разговара со компанијата, поради правилата на ЕБРД, Рашкоски влегол во преговорите по што се поставува прашањето дали тоа го сторил со намера да добие провизија?

Во меѓувреме, додека се развиваат нови моменти од ckaндалот, Економски Лидер, објави каков имот има пријавено Драги Рашкоски во неговиот анкетен лист. Според податоците од анкетниот лист, Рашкоски тежи 139.105 евра.

Рашкоски на свое лично име има пријавено гаража, земјоделско земјиште во Струмица, стан, три моторни возила, авторски хонорар и депозит. Според податоците од Државната комисија за спречување на kopyпција, Рашковски има и кредит од нaд четири милиони денари кој треба да го исплати до 2028 година.