дома Актуелно (Во живо) Macoвни пpoтecти за Moнcтpyм со мапа од Голема Албанија- Полициjaтa...

(Во живо) Macoвни пpoтecти за Moнcтpyм со мапа од Голема Албанија- Полициjaтa со кopдон ги зaпpe демонcтpaнтите кај Мавpoвка

Повеќе стотици граѓани, пред сѐ Албанци, тргнаа денеска во 13.15 часот од паркот во населбата Чаир на протестен марш против пресудите во случајот Монструм. Под мотото „Правда и слобода“, тие се „вооружени” со знамиња, албански, американски, со транспаренти, сирени и свирчиња и бучно се движат, извикувајќи „Уа за правдата“ и повикувајќи ги и граѓаните на кои наидуваат, да им се придружат. Протестот, како и што беше најавено, започна по петочната молитва во џамиите.

Толпата на демонстранти со свирежи и извици го започна протестот упатувајќи се кон Основниот суд, а потоа и до Влада.

Моментално од она што може да се види на терен, присутни се и поголем број на полициски службеници кои го обезбедуваат протестот.

Два реда специјална полиција, опремена со панцири и шлемови им го попречи патот на роднините коишто денеска излегоа на протест против одлуката да им се изрече доживотна казна затвор на обвинетите во случајот „Монструм“.

Полицискиот кордон не дозволува понатамошно движење на протестантите кои се стопинарани после Мавровка.