дома Европа Heвepojaтeн cлyчaj вo Франција: Чoвeк ympeл бидejќи иcпил пpeмнoгy вoдa?

Heвepojaтeн cлyчaj вo Франција: Чoвeк ympeл бидejќи иcпил пpeмнoгy вoдa?

Човек во Франција умрел бидејќи пиел премногу вода, заради што била отворена истрага во болницата во Жиронда, каде починал.

Несекојдневниот настан се случил на 22 февруари во болница во местото Кадијак, пренесува „Републикан Суд Жиронд“.

Се сомнева дека станува збор за потоманија, состојба во која лицето има претерана потреба да пие.

Полицијата отворила истрага за случајот, а побарана е и обдукција на починатиот.

Потоманија е патолошко невролошко заболување, каде е оштетен мозочниот центар кој ја регулира жедта. Притоа може да дојде до труење на организмот кај лицата кои пијат повеќе од 10 литри вода дневно, наведува Фигаро.