дома Актуелно (Во живо) Oва e caдизam: Oпpeделена мepка затвopcки притвop за Орце Камчев

(Во живо) Oва e caдизam: Oпpeделена мepка затвopcки притвop за Орце Камчев

За биснисменот Јордан – Орце Камчев е определена мерка ефективен затворски притвор во времетраење од 30 дена.

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски истакна дека при приведувањето образложението било дека тој е обвинет за некаква си изборна измама.

Во моментот кога му е определена мерка притвор причината е за наводни информации дека тој спрема бегство.

Менкиноски истакна дека Камчев нема пасош и токму поради оваа причина тој не може ниту да бега, ниту да ја напушти Македонија, a нема ниту никакви конткретни докази дека тој се обидувал да избега од државата.

-Во правото треба да имате докази, во нашава држава се суди без докази истакна Менкиноски.

Ја немаме ниту наводната белешка на АНБ дека се спрема бегство за која шпекулираа повеќе провладини медиуми.