дома Хроника Штeтaтa во Глобал проценета на повеќе од милион евра

Штeтaтa во Глобал проценета на повеќе од милион евра

Советот на општина Струмица го усвои извештајот на Комисијата која правеше проценка на штетите на физичките и правните лица чии објекти настрадаа во јануарскито пожар во ГТЦ Глобал.

Вкупната штета како што информираа од Комисијат изнесува нешто повеќе од милион евра. Штети се констатирани на самите објекти, трговската стока, обртни средства.

Извештајот со проценетата штета ќе биде понесен до Владата која треба да олучува дали ќе даде помош на опожарените. Ацо Ѓоргиев тврди дека тоа останува на добра волја насамата Влада бидејки станува збор за директна помош, а не обештетување.

Опожарениот дел од ГТЦ е преграден додека неопожарениот почна да функционира. Здружението Обнова Глобал со сите донации од страна на јавниот и приветен сектор ја почна санацијата на за што ангажираше приватна фирма за изведување на градежно занаетчиските работи.

Сѐ уште не се утврдени причините за големиот пожар во ГТЦ Глобал кој се случи на 2 јануари. Јавното обвинителство сѐ уште работи на овој случај за да утврди има ли одговорност за огнената стихија која остави десетици фамилии без егзистенција и предизвика милионски штети.