дома Македонија Во Охрид 22 автобуси пратени на технички преглед, едниот имал неисправни кочници

Во Охрид 22 автобуси пратени на технички преглед, едниот имал неисправни кочници

На 06.12.2021, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници.

Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице се поднесени соодветни пријави.