дома Актуелно ВРЕМЕТО ПОЧНА ДА ПОПУШТА: Денес темепратури до 9 степени, патиштата проодни освен...

ВРЕМЕТО ПОЧНА ДА ПОПУШТА: Денес темепратури до 9 степени, патиштата проодни освен на неколку места – можни врнежи од снег!

Winter Forest Snow Road Photos

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно. Врнежи од дожд ќе има во западните и северните делови, а на планините ќе врне снег со што снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри.

Winter Forest Snow Road Photos

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од нула до девет степени.

Во Скопската котлина се очекува врнежите да бидат претежно од дожд, а наместа во Скопската котлина, но и понекаде во другите котлини ќе има услови за појава на замрзнат дожд, а на осојните места и краткотрајно замрзнување на тлото. Во текот на попладневните часови врнежите ќе престануваат. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од минус три до четири степени.

Состојбата на патиштата според најновите утрински информации на Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово кај клучка Жеровјане е нормализиран.

Забрана за секаков вид на сообраќај од утринава има на патот Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села.

Ширум земјава сообраќајот се одвива во зимски услови.

Информациите на АМСМ се дека слаб дожд е забележан низ цела држава, додека слаб снег врне на П.Шапка, Стража, Маврово и Буково.

Возачи не заборавајте да имате зимска опрема доколку патувате.