дома Македонија ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во традиционална посета на...

ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во традиционална посета на лицата со церебрална парализа

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателката Даниела Рангелова направи новогодишна посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Во изминатите неколку години, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално за новогодишните празници врши посета на овој дневен центар на која на штитениците им делиме новогодишни пакетчиња. Унијата на жени како општествено одговорна организација во континуитет преку организација на настани од хуманитарен карактер врши исполнување на една од основните цели на Унијата на жени а тоа е што повеќе детски насмевки – изјави Даниела Рангелова.


Од Унијата на жени информираат дека во изминатиот период за време и на новогодишните и божиќните празници во сите Општински комитети Унијата на жени организираше хуманитарни активности и делеше новогодишни пакетчиња.