дома Актуелно ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Наместо меѓу својот народ, Заев потроши 100.000 евра за...

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Наместо меѓу својот народ, Заев потроши 100.000 евра за прослава во Солун!

Само Заев не слави Нова Година со своите Македонци и со граѓаните на Република Македонија, туку со цел кабинет отиде на славење во државата Грција која од нас бара да го смениме нашето име. Вакви се коментарите на дел од експертската јавност и граѓаните, кои го критикиваат однесувањето на македонскиот премиер Зоран Заев, кој наместо со својот народ, отиде во Грција да ја слави Новата година умилкувајќи му се на јужниот сосед.

За разлика од нас, Грција е држава, и за разлика од Заев, Бутарис е политичар

-Вечерава ќе остане тажен и понижувачки белег на нашата надворешна политика за крај на оваа година. Те бил поканет, те не бил поканет; те (полу)официјална, те приватна средба; те во хотел, те во ресторан. Што е сосема небитно! Замислете за миг обратна ситуација (ако е воопшто можно да се замисли): премиерот Ципрас оди на приватна (полу)новогодишна вечера кај градоначалникот на Гевгелија! За разлика од нас, Грција е држава, и за разлика од Заев, Бутарис е политичар, напиша на својот ФБ профил универзитетската пофесорка Билјана Ванковска.

Кое е ова перење мозок!?

Новинарот и политички аналитичар, Васко Ефтов прашува која е оваа анестезија со која не “замрзнале” како вилица пред вадење заб!? Која е оваа општа хипноза!? Кое е ова перење мозок!?

-Чекав да видам како премиерот на Словенија слави Нова Година во Загреб или во Сплит односно некаде во Хрватска со која имаат голем спор околу Пиранскиот Залив. Или Александар Вучиќ да слави во Приштина или Призрен. Или Ципрас да слави во Истанбул односно Ердоган во Атина или Солун. Или Парошенко во Москва односно Путин во Киев. Или Нетанјаху во Палестина а Палестинскиот лидер во Тел Авив. Или Трамп во Северна Кореа или Иран. Не. Сите се тие глупи и од времето прегазени политичари. Само Заев е визионер и политичар на новото време. Само тој не слави Нова Година со своите Македонци и со граѓаните на Република Македонија туку со цел кабинет отиде на славење во државата Грција која од нас бара да го смениме нашето име! И тоа се прикажува како нешто нормално. Како голем и огромен чекор во новото време! Која е оваа анестезија со која не “замрзнале” како вилица пред вадење заб!? Која е оваа општа хипноза!? Кое е ова перење мозок!? Се ова ќе мине. Може не во 2018 но ќе мине. Можат да ги трошат насите пари. Можат да ги трошат нашите изборни гласови. Но не можат да ги тропат нашата гордост и достоинство. Само тие ни останаа, а јас сум сигурен дека ќе најдеме начин како да си ги одбраниме. Да сме живи и здрави и нека е среќна 2018 година 🍀🍀🍀, напиша Ефтов.

100.000 евра ќе чини Новогодишната забава на Заев и пријателите во Солун

По изјавите на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, како и на владиниот портпарол Миле Бошњаковски, очигледно е дека претстојот на премиерот Заев во Солун за Нова Година нема да биде официјална, туку приватна посета на Заев.

-Во суштина јас не го поканив него, тој се покани сам, вели за То Вима градоначалникот на Солун Бутарис, откако владата и официјално потврди дека премиерот Зоран Заев на покана на солунскиот градоначалник, новогодишните празници приватно ќе ги помине во Солун.

Во изјавата за То Вима, Бутарис објаснува:

-Кога го посетив Скопје во ноември се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова Година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот ,,Македонија палас‘‘. Јас не сум инволвиран во тоа. Ако ми се јави ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине ноговодишната ноќ со неговите пријатели‘‘.

Заев престојува во најелитниот хотел во Солун ,,Makedonia Palace ‘’, а заедно со него во придружба ќе има и 15 други лица, вработени во владата како и неговото официјално обезбедување.

Но, она што ја разбранува јавноста се астрономските цени во овој луксузен хотел кои од човек достигнуваат цена и до 3.200 евра од вечер. Доколку се земе во предвид дека Заев со него ќе носи 15 лица, цената од вечер ќе достигне вртоглави 48 илјади евра. Многу веројатно е дека премиерот нема да престојува само една вечер со што сумата се дуплира или триплира во зависност од бројот на денови кои Заев ќе ги помине во Солун.

Граѓаните со право се прашуваат кој ќе ги плати трошоците на премиерот и неговите сопатници за престојот во Солун, дали тоа ќе биде подмирено од државата од џебот на граѓаните?

Имено, новопечената власт досега покажа дека расипничкото трошење не и е непознато. Скандалот со патувањето во Аргентина на ,,шарениот’’ Александар Донев со бизнис класа како и патувањето во Албанија на кое потрошил цели 7 илјади евра и нарачките на морски плодови и ф’стаци на Шеќеринска во министерството за одбрана се доволен доказ за расипничкото работење на новата влада. Скандалот со мегаломанското новогодишно патување на Заев би било само последно во низата.