дома Хроника ДВЕ МОМЧИЊА СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Во тешка сообраќајна незгода за Новогодишната...

ДВЕ МОМЧИЊА СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Во тешка сообраќајна незгода за Новогодишната ноќ, тешко повредени две момчиња

На 01.01.2018 година околу 03.30 часот на ул.„Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил и во потпорен ѕид од камења.

Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.