дома Македонија Вapдap ce излea вo Скопје: Интeнзивнитe дoждoви гo пpeпoлниja кopитoтo..

Вapдap ce излea вo Скопје: Интeнзивнитe дoждoви гo пpeпoлниja кopитoтo..

Интензивните дождови го преполнија коритото на реката Вардар во центарот на Скопје. Реката се излеа по неколкудневните дождови по областите на течението.

Последен пат реката се излеа во 2017 кога се поставуваа вреќи со песок покрај кејот, а Градот најави план за отстранување на некои објекти од речното корито. 

Според УХМР, горниот тек на Вардар кај Јегуновце во однос на вчерашните податоци е подлабок за 114 сантиметри, а во Скопје е за 45 сантиметри.

Најголемо излевање на реката е забележано кај Рашче. Поради временската состојба, како што наведува УХМР, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување.

Како најкритични се посочуваат горниот и средниот тек на Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки.