дома Македонија Toдоров: ВМРО пopaди 27 април загyби од 70 до 100 илјади глacови

Toдоров: ВМРО пopaди 27 април загyби од 70 до 100 илјади глacови

Денеска за настаните од 27 април сведочеше и Никола Тодоров, кој истакна дека обавувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство.

За тој ден истакна дека ништо не навестувало дека тоа ќе се случи, туку дека денот во Собранието ќе заврши во 18 часот.

Но, по 18 часот ДУИ и СДСМ на нестандарден начин избраа претседател на Собранието. Нашата пратеничка група ја пееше химната и со ништо не го попречи изборот на претседател на Собранието. Никој од нас немаше информација дека тоа ќе се случи. Таква информација немаа ни пратениците од СДСМ туку дека седницата ќе заврши во 18 часот, објасни Тодоров.

Тој е убеден дека инцидентите не му одговараа на ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата ќе имаше бенефит од таквиот начин на избор на Џафери.

Од овој настан физички жртви имаше СДСМ, а ВМРО- ДПМНЕ имаше политички жртви и изгуби од 70.000 до 100.000 гласови, рече Тодоров.