дома Македонија Jaнкулоска: ВMPO-ДПMHE не беше opганизатор на пpoтecтите на 27 април

Jaнкулоска: ВMPO-ДПMHE не беше opганизатор на пpoтecтите на 27 април

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за настаните од 27 април. Таа истакна дека дека во тој период имала само партиска функција , но не и државна.

За протестите во тој период таа беше јасна дека партијата не беше организатор.

Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена, нагласи Јанкуловска.
Таа истакна дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело.

Не се сеќавам на било каква комуникација со Ристовски тој ден ниту пак дека се видовме, појасни Јанкуловска.
На 27 април цел ден била во партијата и не се случувало ништо посебно и околу 17 часот си отишла дома и видела на телевизија што се случува во Собранието.

Таа додаде дека Миле Јанакиески немал никаква комуникација со општински комитети поврзани со протестите.