дома Македонија (Галерија)МОЌНИ ПОРАКИ ОД ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ: Илијадници извикаа „Македонија и само Македонци“

(Галерија)МОЌНИ ПОРАКИ ОД ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ: Илијадници извикаа „Македонија и само Македонци“

Моќна порака која вчера граѓаните на Република Македонија ја испратија до сите политички субјекти во државата и до меѓународната заедница

Граѓаните сами проговорија кои сме ние – Македонци и само Македонци. Потсетија на аманетот на нашите предци. Едногласно го осудија откажувањето на народните изроди на власта од идеалите, вредностите и визијата на Гоце Делчев, Даме, Питу, Јане, Ѓорчев.

Потсеија на борбениот дух и жртвите на Кузман Јосифовски – Питу, на Апостолски, на Шарло, на Ченто. Нема откажување од одлуките и резултатите на АСНОМ, нема откажување од референдумот од 1991 година. Повеќе од очигледна беше подготвеноста и решителноста да се брани Уставот на Република Македонија и Декларациите за сувереност, независност и меѓународно признавање на Република Македонија.

„И затоа: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ERGA OMNES!“ – извикаа демонстрантите, додавајќи – „Ако не СЕГА И ТУКА, КОГА ДА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА?Кој ако не ние МАКЕДОНЦИТЕ? СО ШТИТОТ ИЛИ НА ШТИТОТ!“