дома Свет КАЈ НАС ТАКОВ МУАБЕТ НЕ ПОМИНУВА: Турскиот шеф на дипломатијата по најавата...

КАЈ НАС ТАКОВ МУАБЕТ НЕ ПОМИНУВА: Турскиот шеф на дипломатијата по најавата за санкции од САД поради набавката на С-400

Турција нема да го прифати јазикот на санкции во врска со испораката на руските системи С-400, со неа не може така да се разговара, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу по разговорот со американскиот државен секретар Мајк Помпео на маргините на состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

Помошникот на американскиот државен секретар Вес Мичел изјави претходно дека купувањето на С-400 до Русија би можело негативно да влијае на испораката на американски борбени авиони од петта генерација Ф-35 на Турција.

„Разговарав на темата С-400 со Помпео. Му кажав дека нам ни се потребни овие системи. Процесот во врска со С-400 беше заклучен пред санкциите (воведени кон Русија). Разговорот ‘ако купиш С-400, ќе примениме санкции’ – кај нас тоа не поминува. Работата со С-400 е завршена, но и понатаму имаме потреба за системи за противвоздушна одбрана. Ако од нашите сојузници добиеме добра понуда за ‘патриот’ или некој друг систем, ќе ја разгледаме“, изјави шефот на турската дипломатија.

Во декември минатата година претставници од Русијаи Турција потпишаа кредитен договор за испорака на С-400. Според соопштението на Секретаријатот на Министерството за одбрана на Турција, Анкара ќе купи две батерии од овој комплекс, со кој ќе управува турски персонал.