дома Македонија ГЕНЕРАЛ МАЈОР ДИМЧЕ ПЕТРОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Во трката за собирање потписи...

ГЕНЕРАЛ МАЈОР ДИМЧЕ ПЕТРОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Во трката за собирање потписи и генералот Димче Петровски, може да се потпишете до 9.март!

Генерал Мајорот Димче Петровски е еден од кандидатите кои собираат потписи за поддршка на кандидатурата за претседател во подрачните единици на ДИК.

 

Досега, генерал мајорот собрал околу 450 потписи благодарение на недоволната медиумска покриеност и нефер известувањето за можните кандидати за претседател на државата.

Генерал мајорот Петровски, има богата војничка кариера, а последна војничка задача му била Директор на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Потписи за кандидатурата на Петровски може да се собираат до 9.мај.

Кратка биографија на генерал-мајорот Димче Петровски

Дата и место на раѓање: 15.10.1961 год. во Велес, Република Македонија

 

Воено образование:

  • Воена академија – копнена војска, Белград и Карловац 1980-1984 година;
  • Командно – штабна школа (ПСКШД) – ВА „Михајло Апостолски“, Скопје, 1995 – 1996 година;
  • Школа за национална безбедност и одбрана на ВА „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија, 2005 – 2006 година, со што се стекнал со академска титула „Mагистер по безбедност и одбрана“, со одбрана на магистерски труд на тема „ Можности за развој на системот за командување и контрола на националната држава за учество во сојузни многунационални операции“;
  • Постдипломски студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир, при Филозофскиот факултет во Скопје, со одбранет магистерски труд на тема „ Концептуален развој и организациона трансформација на АРМ во функција на интегрирање во НАТО“, со што се стекнал со академска титула „магистер по одбрана“, во 2008 година.
  • На 01.06.2011 година ја одбрани докторската дисертација на тема „ Меѓународни воени операции и учество на АРМ во нив“, со што се стекна со титула доктор на одбрана.

 

Воена кариера – должности:

  • Командир на вод;
  • Командир на чета;
  • Началник на инженерија во гардиска бригада;
  • Командант на инженериски батаљон;
  • Началник на штаб во инженериски полк;
  • Заменик командант на гардиска бригада;
  • Командант на 7 моторизирана бригада;
  • Командант на инженериски полк;
  • Началник на одделение за планирање во ГШ на АРМ;
  • Началник на канцеларија за односи со јавноста, воедно портпарол на АРМ;
  • Командант на Командата за Обука;
  • Командант на 2 механизирана пешадиска бригада;
  • Командант на 1 механизирана пешадиска бригада.
  • Директор на Генералштабот на АРМ

Унапредувања:

  • Потпоручник (1984)
  • Поручник (1985)
  • Капетан (1988)
  • Капетан 1 класа (1992)
  • Мајор (1996)
  • Потполковник (2000)
  • Полковник (2004)
  • Бригаден генерал (2007)
  • Генерал мајор (2013)

 

Одликувања:

  • САД: Официјален медал од Националната гарда на Вермонт “The Vermont National Guard Commendation Medal”
  • Златна значка на АРМ од Началникот на ГШ на АРМ
  • Сребрена значка за долгогодишна служба во АРМ од Министерот за одбрана на РМ

 

Курсеви:

  • Курс за употреба на инженерските единици, ЕНТЕК, Регионален центар на НАТО, Минхен, Р. Германија, декември 1996 година;
  • Курс за односи со јавноста, Берн, Р. Швајцарија, ноември 2004 година;
  • Интензивен курс по англиски јазик, јануари- септември 2005 година;
  • Курс за планирање на експедициски операции на НАТО, април 2008 година.

 

Издадени книги:

  • АРМ кон НАТО, коавторство со Проф. Др. Зоран Нацев, издадена од Филозофскиот факултет – Скопје;
  • Општо за лидерството и карактеристики на военото лидерство, издадено од издавачка куќа „ Европа 92“ – Кочани.

 

Изработени трудови:

  • Некои проблеми на планирањето на оперативно ниво, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Насоки и приоритети за развој на воената моќ на државата, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Фактори на вооружената борба, Воена Академија „ Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје;
  • Методологија за разработување на визија за Развој на вооружените сили, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Лидерство, Современа Македонска Одбрана;
  • Странски јазик:
    Англиски V степен

Брачна состојба:
Оженет, татко на две деца и дедо на две внуки

Хоби:
Лов и риболов