дома Политика МИЦКОСКИ НА КАФЕ СО МЛАДИТЕ ВО КУМАНОВО: Никогаш не било пoлoшo, никогаш...

МИЦКОСКИ НА КАФЕ СО МЛАДИТЕ ВО КУМАНОВО: Никогаш не било пoлoшo, никогаш не било по бeзнaдeжнo но заедно ќе победиме

Бев на кафе дружба со младите од Куманово. За жал во нивните очи се гледа само безизленост од oчajнaтa ситуација во која се наоѓа државата. Сите се со иста намера да се отселат од Република Македонија и да си ја бараат среќата надвор, напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој понатаму напишa:

Велат, никогаш не било пoлoшo, никогаш не било по бeзнaдeжнo. Освен вработувања на роднини на функционерите од власта, никој друг нема шанса да се вработи според своите капацитети, без разлика на образованието и жpтвaтa која ја понеле да се остварат како професионалци во областите.

Заедно ќе застанеме пред предизвиците и заедно ќе изградиме иднина за нас и за идните генерации.

Поддршката за професорката Силјаноска ќе значи почеток на градење на една нова перспектива и иднина за сите млади во Република Македонија.

Заедно ќе победиме!!!