дома Македонија ГЕРОВСКИ СЛУШНАЛ, АМА НЕКАКО НЕ МУ СЕ СЛУШАЛО: Наместо „СДСМ“, Геровски во...

ГЕРОВСКИ СЛУШНАЛ, АМА НЕКАКО НЕ МУ СЕ СЛУШАЛО: Наместо „СДСМ“, Геровски во изјавата на Адеми вметнал „ВМРО-ДПМНЕ“

Порталот на Бранко Геровски, Плусинфо кој е еден од главните соросови медиуми започна со лажење и крајно неточно информирање на јавноста од настаните во Собранието на Република Македонија.


Веста која што ја пушти Плусинфо околу процедуралната забелешка на Џеват Адеми е крајно непрофесионална и лажна, што зборува за фактот дека во овој електронски медиум се работи надвор од секоја новинарска етика и професионалност.

Имено, Геровски на својот портал се обиде да објави нешто што паретникот Адеми не го ни кажа. Сакајќи да прикрие тоа што Џеват Адеми кажа дека СДСМ ги прифатиле сите услови на ДУИ, тој се обиде оваа информација да ја изврти и да престави дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што Адеми ја спомнува.

Плусинфо пишува дека ВМРО-ДПМНЕ требало да ја плати цената за ставовите на Алијансата на Албанците и ДУИ, а не како што кажа Џеват Адеми дека СДСМ се тие што ја платиле цената за да дојдат на власт.

Ова е снимка од вистинската изјава на Џеват Адеми во која кажува дека СДСМ ги прифатиле сите услови и дека тоа било цената за да ги поддржат да дојдат на власт.