дома Македонија (Фото+Видео)ЦЕЛО СКОПЈЕ НА УЛИЦА: Масовен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“!

(Фото+Видео)ЦЕЛО СКОПЈЕ НА УЛИЦА: Масовен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“!

Цело Скопје е на нозе на масовниот марш организиран од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Огромен број на граѓани тргнаа од пред Владата и поголеми групи се приклучуваат од сите страни. Улиците се преполни.

Граѓаните на Македонија веќе 32 дена се на улиците со цел да ја зачуваат унитарноста, сувереноста и независноста на Република Македонија. Тие повторно кажуваат дека се против двојазична Македонија и против дебати кои се вовед во промена на знамето, химната и грбот на државата.


Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кажа дека народот нема да дозволи да се шверцуваат туѓи платформи и претседатели на Собрание качени на нив.

Триесет и втори ден, овој народ, во овој голем број е гарант дека остануваме на нашите барања и нема да дозволиме да ни шверцуваат платформи од Тирана и претседатели на Собрание качени на тие платформи, порача Илиевски.