Не би можела на никого, никаков коментар да дадам за дисциплинската постапка којашто е покрената против мене, затоа што за тоа разбрав од медиумите вчера, вели обвинителката Гордана Гешкоска.
Државното јавно обвинителство покрена дисциплинска постапка за тројца обвинители поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток.
Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на кривичниот настан, односно во Собранието кога се случи упадот и беа повредени новинари и пратеници.
Обвинителството покрена обвинение за упадот, но се уште не е оценето.