Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името.
– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, изјави Димитров за МИА.
Шефот на македонската дипломатија утрово имаше неформален појадок со министри за надворешни работи на ЕУ или нивни заменици. Франција и Холандија биле најтврди во однос на почетокот на преговори, како што беше очекувано. Но, министерот смета дека “чуда се можни“.
-Убаво е да знаеме дека ова не е едноставно… Внатрешната консолидација во ЕУ е комплементарна а не спротивна на консилидацијата на Балканот, а доколку се случи овој историски пробив ќе биде шанса и за цела Европа да се создаде успех. Не сме во ситуација да имаме луксуз да пропуштаме историски шанси, изјави Димитров