дома Свет Годинава во САД биле извршени повеќе cмртни kaзни отколку во сите земји...

Годинава во САД биле извршени повеќе cмртни kaзни отколку во сите земји во светот заедно

Оваа година, првпат во историјата, во САД биле извршени повеќе смртни казни отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон.

По седумнаесетгодишна пауза, претседателот во заминување Доналд Трамп нареди извршување на смртната казна во целост, така што беа извршени рекордни 10 егзекуции во САД во текот на 2020 година, најмногу од 1800 година, објави „Асошиејтед прес“.

„Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори”, рече Роберт Данам од Центарот.

Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.