дома Македонија Иџет Мемети избран за член на Советот на јавни oбвинители

Иџет Мемети избран за член на Советот на јавни oбвинители

Со 61 глас „за“, без против и воздржани пратениците изгласаа Иџет Мемети и адвокатот Љупчо Ивановски да станат членови на Советот на јавни обвинители, а Павлина Црвенковска за член на Судски Совет.

По цели 16 години, Иџет Мемети ја напушта престижна државна институција Народен правобранител, каде мандатот му истекува на 24 декември и се сели во Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата. Освен Мемети, во оваа институција за нов член е избран Љупчо Ивановски адвокат од Скопје

За нов член на Судскиот совет е избрана Павлина Црвенковска. Таа од 2006-тата досега работи како судски советник во скопска Апелација, а претходно била советник во Владата, била раководител во Министерството за одбрана, а работела и како адвокат.

Тројцата беа избрани со 61 глас на мнозинството пратеници, а на изборот не присуствуаше опозицијата.

Нови функционери во извршната власт именуваше и Владата на синоќешната седница.