дома Спорт Голем товар за Асенсио, ја добива СЕДУМКАТА на Роналдо!?

Голем товар за Асенсио, ја добива СЕДУМКАТА на Роналдо!?

По заминувањето на Кристијано Роналдо во тимот на Јувентус, веднаш се постави прашањето, кој ќе биде неговиот наследник во дресот со број седум во Реал Мадрид.


Според најавите од Шпанија, дресот со број седум во идната сезона ќе го носи Марко Асенсио, а за таа идеја главен поборник бил и капитенот, Серхио Рамос. Во меѓувреме се шпекулира дека тој број ќе му припадне и на Еден Азар, кој треба да биде ново засилување на „кралевите“.

https://twitter.com/wafiealaziz/status/1020531675762053120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1020531675762053120&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fgolem-tovar-za-asensio-ja-dobiva-sedumkata-na-ronaldo

Пред Португалецот, бројот со број седум го носеше иконата на Реал Мадрид, Раул, па доколку сега таа ја добие Асенсио, тоа ќе биде за него навистина голема одговорност. 22-годишниот Асенсио од 2014 година е член на Реал Мадрид, а по една сезона како позајмен настапуваше во Еспањол и Мајорка.