дома Европа ТРИЧАСОВНАТА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

ТРИЧАСОВНАТА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Една жена е убиена во тричасовната заложничка драма во полн супермаркет во Лос Анџелес, пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата.

Два часа пред да земе заложници, напаѓачот ја застрелал баба му седум пати и повредил уште една жена, која ја натерал да влезе во автомобил. Тој потоа бил бркан од полицијата, при што дошло и до меѓусебно пукање, пред автомобилот да удри во столб пред супермаркетот.

„Тогаш тој излезе од автомобилот и влезе во супермаркетот, додека кон нас доаѓаа двајца полицајци со тешко оружје. Кога се затвори вратата од супермаркетот, сите исполегнавме на земја. Така лежевме околу час и половина, пред да упадне полицијата“, изјави еден сведок.

Полицијата соопшти дека една жена е убиена, додека претходно застреланата баба на напаѓачот е во критична состојба.

„Со жалење мора да информирам дека имаме еден смртен случај внатре. Осомничениот е приведен“, изјави градоначалникот Ерик Гарсети.