Очигледно нема крај на скандалите кои изминативе недела дена го следат Фондот за иновации и технолошки развој и сомнително доделените грантови на провладини медиуми, партиски послушници и луѓе блиски до власта. Имено станува збор за компанијата Хемија-Комерц ДООЕЛ од Велес која е во сопственост на Трајче Трајков прв братучед на градоначалникот од Велес, Ацо Коцевски. Блискиот роднина на градоначалникот Коцевски со неговата фирма Хемија-Комерц која се занимава со технолошка индустрија добил 2.7 милиони денари или околу 45 илјади евра за проектот ,,Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови’’.
Сепак фактите го говорат спротивното, а можеби најдобар пример е фирмата Декодикс, во сопственост на снаата на Цветанка Ласкова, советничка за култура на премиерот Заев, фирма која била регистрирана само 43 дена пред да добие од државата неверојатни 330 илјади евра. Покрај Христина Керкез, сопруга на Горан Кан Керкез, син на Цветанка Ласкова, грантови добија и фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец. Меѓу сомнителните грантови имаше и пари за медиуми и лица блиски до нив, како на пример случајот со грантот за ,,Слободен Печат’’ и грантот за сопругата на новинарот и сопственик на порталот ,,Сакам да кажам’’ , Горан Михајловски.