Еден од најпопуларните пејачи на српската естрада, Жељко Јоксимовиќ доживеа непријатност во Црна Гора, а драмата траела неколку часа.
Жељко од Белград тргнал во Црна Гора поради закажани настапи, а пред самиот влез на Будва му јавиле дека музичарите имаат проблем.
-Жељко скоро стигнал со автомобилот на приморјето, кога му се јавиле музичарите и му објасниле дека им се расипало комбето кај Мојковац и дека ќе доцнат. Јоксимовиќ не сакал членовите на бендот да ги остави сами, туку се вратил назад за да и помогне на екипата. Им донел вода и храна. Чекал со нив додека не стигнало новото комбе од Белград. Неколку часа биле на патот, но како музичарите се духовити, се шегувале, па времето брзо им минало. Стигнале пред самиот концерт, но тоа не ги спречило да направат спектакл. Целиот пат на Жељко траел околу 20 часа, но на него не му било грижа за тоа и единствено што сакал е да им помогне на колегите -раскажал извор близок на пејачот.