дома Локално Град Скопје ќе го организира пречекот на ракометарите

Град Скопје ќе го организира пречекот на ракометарите

Град Скопје ќе го организира пречекот на ракометарите на Вардар од Келн. Засега уште не е познато точното време кога ќе слетаат во Скопје новите европски клупски ракометни прваци, а во Град Скопје моментно се договараат деталите околу пречекот на аеродром и на плоштадот „Македонија“.

Кога пред две години Вардар првпат ја освои европската титула, Град Скопје исто така беше организатор на настанот на кој присустуваа илјадници граѓани на Македонија.