дома Македонија ИГОР ШЕМА СТАНУВА СУПЕРВИЗОР: Партизацијата на државата продолжува

ИГОР ШЕМА СТАНУВА СУПЕРВИЗОР: Партизацијата на државата продолжува

Универзитетскиот професор Игор Ивановски, долгогодишен пратеник и некогашен претендент за лидерската позиција во СДСМ, деновиве доби и нова функција со мандат од пет години.

Според препораката на Владата до Собранието, познатиот Шема ќе биде ангажиран како експерт во Советот на Агенцијата за супервизија на осигирувањето, за што ќе има право на месечен надоместок и надоместок на други трошоци утврдени со Статутот и другите акти на Агенцијата.

Ивановски бил единствениот кој ги исполнувал условите од пријавените на јавниот оглас на Владата, а неговото именување е ставено на дневен ред на седницата на Собранието на 11 јуни.