дома Македонија ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ РУШЕЊЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ: Експертите и граѓаните се против идејата на...

ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ РУШЕЊЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ: Експертите и граѓаните се против идејата на функционери од СДСМ за уривање и преместување споменици

Фото: Фокус.мк

„Зошто тоа што е веќе направено да се руши. Тешко е додека се направи, а многу полесно да се растури“ – граѓаните контра најавите на Министерството за култура дека веќе се готови елаборати за дислокација и уништување на три споменици од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои и Воинот на коњ, анализира Алфа.

Фото: Фокус.мк

Дислоцирањето или уништување на спомениците, па и промената на името на Аеродромот „Александар Велики“, нема да ги реши долгогодишните спорови кои Македонија ги има со соседите, коментираат архитектите, откако од министерот Алаѓозовски потврди дека се готови елаборатите за три споменици меѓу кои и споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија.

Еве што кажаа анкетираните граѓани за ТВ Алфа:

-Спомениците не треба да ги рушат. Тие што викаат дека ќе ги рушат, со тоа ја рушат историјата на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.Според мое мислење не треба да се рушат, треба да си останат така како што си е.

-Тоа треба историчарите, тоа треба научниците да го кажат, а ние не можеме тоа да го кажеме.

-Тие се направени, зошто да се рушат сега?

-Од готовото зошто да се прави вересија?

-Многу е тешко да се направи, а многу е лесно да се руши.

Според ресорниот министер за целиот процес на уништување или дислокација не треба помпезно да се разговара, едноставно кога ќе дојде време само ќе биде соопштена одлуката од надлежните институции.

Архитектот Вангел Божиновски за Алфа прави анализа на процесот кој го најавува Министерството за култура околу спомениците. Вели недозволиво е Министерството да ангажира работни групи, а притоа да не биде познат начинот на кој се правела селекцијата во изборот на експерти, но и на што се заснова анализата за изготвените елаборати.

За уметникот Коле Манев, вината е во нас, бидејќи за клучни национални прашања кои задираат во историјата, не сме единствени , а тоа го користат соседите, па испорачуваат листа на барања.

Алфа неодамна ексклузивно го објави списокот на грчки барања кои новата македонска влада треба да ги испорача во знак на затоплување на добрососедските односи. Токму спомениците беа едно од тие барања кои ги доставил нашиот јужен сосед, но предвидени се и казни доколку биде употребено сонцето на Кутлеш. Во низата барања е и промената на името на Аеродромот „Александар Велики“, за кое веќе во јавноста кружат можни нови називи.