дома Македонија ТАБЛИТЕ ПОВАЖНИ ОД ЖИВОТОТ: Министерството не дава пари за лекувањето на малечката...

ТАБЛИТЕ ПОВАЖНИ ОД ЖИВОТОТ: Министерството не дава пари за лекувањето на малечката Валерија, но троши пари за тројазични табли!

Седумгодишната Валерија Зафировска ја крена Македонија на нозе. Ова девојче има потреба од наша помош. Малата Валерија има тумор на мозокот кој агресивно расте и поради тоа мора што поскоро да се оперира во Истанбул. За операција потребни се 40.000 евра, пари кои нејзините родители ги немаат.

И додека медиумите и социјалните мрежи вријат со повици за хуманост, надлежните институции ги игнорираат овие пораки, а парите кои до минатата година Министерството за здравство ги алоцираше за помош на вакви тешки случаи на заболување, генералниот секретар на владата Драги Рашковски најави дека ќе бидат скратени затоа што немало потреба државата да ги покрива трошоците за лекување на најмалите.

Наместо тоа, парите се потрошени за поставување на тројазични табли на влезот на клиничкиот центар.

За само неколку месеци во државниот клинички центар починаа повеќе од 130 новороденчиња. До сега, никој не одговараше за црниот биланс.